Nokia 2220 slide - Заедничка меморија

background image

Заедничка меморија
Следниве функции на уредот може да користат заедничка меморија: мултимедијални пораки (MMS), e-mail апликација,

размена на инстант пораки. Користењето на една или повеќе од овие карактеристики може да ја намалат достапната

меморија за останатите карактеристики. Ако Вашиот уред прикажува некоја порака дека меморијата е полна, избришете

некои од зачуваните податоци во споделената меморија.

Информации за производот и безбедноста 25

background image

Управување со дигитални права

Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за управување со дигитални права

(ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските

права. Овој уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени со ДРМ. Со овој уред

можете да пристапите на содржини заштитени со OMA DRM 1.0. Ако одреден ДРМ софтвер не успее да ја заштити

содржината, сопствениците на содржината може да побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап до новите

содржини заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да спречи обнова на таквата содржина

заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред. Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето на содржини

заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини незаштитени со ДРМ.

Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што ги дефинира Вашите права за користење

на содржината.